Article

УБЕР го лансираше првото роботакси во Лондон

Prof, Dr Editor
05.09.2026

Лондон влезе во новата ера на такси-превозот – првите автономни возила на Uber ги добија примаат патници. Сепак, зад воланот мора да има човек, подготвен да интервенира доколку технологијата потфрли.

Лондончани се првите земјани кои имаат можност да користат такси кое само го избира патот, ги следи семафорите и реагира на случувањата во сообраќајот. Uber со стартна флота од 15 автомобили. ги лансираше првите автономни такси возила во Велика Британија.

Иако автомобилите можат самостојно да управуваат, во секое од нив седи таканаречен „безбедносен возач“, чија задача е да ја преземе контролата доколку се појави проблем.

Интересот, според Uber, е огромен. Во анкетите меѓу корисниците на компанијата во Лондон, повеќе од 100.000 луѓе изјавиле дека претпочитаат автономно такси, доколку тоа е достапно.

Цената засега не е повисока од онаа на класичното Uber возење. Роботакси чини колку UberX, Uber Electric или Uber Comfort, а преку апликацијатан патникот однапред ја знае цената на услугата.

„Возењето беше речиси беспрекорно“

Новинарката Зои Клајнман стана првата британска новинарка која користеше автономно Uber возило.

Според неа, по кратките безбедносни инструкции, автомобилот самостојно тргнал низ центарот на Лондон.

Неколку минути сè функционирало без проблем. Возилото се движело низ густ сообраќај, застанувало на семафори и безбедно поминувало покрај работни зони на улиците.

Во еден момент, велосипедист, на мал кружен тек, дал знак со рака, а автомобилот правилно го препознал сигналот и продолжил.

Сепак, следел дошол моментот кога новинарката морала да интервенира.

Додека автомобилот тргнувал од тесна улица, задните врати на комбе паркирано покрај него се отвориле. Возилото нагло закочило, се огласил аларм, а безбедносниот возач ја презел контролата.

Од Wayve, британската компанија која ја развива технологијата, објаснуваат дека возачот сам одлучил да интервенира и веруваат дека системот би можел сам да ја реши ситуацијата.

Инцидентот траел само неколку секунди, но покажал дека патот до целосно автономните такси возила сè уште не е завршен.

Вештачка интелигенција зад воланот

Автономните Uber возила се електрични Ford Mustang Mach-E, опремени со систем на Wayve кој со помош на вештачка интелигенција во реално време го анализира она што се случува околу автомобилот.

Сензорите поставени на покривот и на други делови од возилото собираат податоци, врз основа на кои системот одлучува како да реагира.

Автомобилот не следи однапред подготвен список на сценарија. Наместо тоа, одлуките ги носи во моментот – во зависност од сообраќајот, пешаците, велосипедистите, другите возила и условите на патот.

Затоа, токму сложениот лондонски сообраќај е еден од најголемите тестови за оваа технологија.

Wayve не е единствената компанија што ја гледа Велика Британија како важен пазар. На автономниот транспортен пазар влегуваат и Waymo, компанијата за автономни автомобили поврзана со Google, како и кинескиот технолошки гигант Baidu.

Кога човекот ќе исчезне од возачкото седиште?

Сепак, целосно автономни такси возила без контрола на човек зад воланот, нема да да ги има низ  лондонските улици во тајмигот кој беше предвиден.

Иако, крајот 2026 година беше перципираното време, рокот е неизвесен, бидејќи британските власти сакаат прво да воспостават строги правила и да се уверат дека технологијата е безбедна.

Министерството за транспорт најавува дека автономните возила би можеле да добијат поширока дозвола за работа од 2027 година, но само по безбедносни тестирања и регулаторни одобренија.

Синдикатите, пак, стравуваат дека автономните автомобили можат да остават илјадници професионални возачи без работа.

Затоа сеуште е во функција правилото: автомобилот може да вози сам, но човекот сè уште мора да биде подготвен да го фати воланот.

Лондон можеби ја отвори вратата кон иднината на такси-превозот, но целосно возење без човек зад воланот очигледно ќе почека уште малку.

none Editor

Author’s Publications